Кијану Ривс и неговата девојка Александра Грант привлекоа внимание за време на неодамнешното излегување. Фотографите ги фатиле на романтична прошетка низ лондонските улици, а потоа парот отишол на вечера во еден од популарните ресторани таму, како што пишува People.
Актерот (60) и визуелниот уметник (51) цело време се држеа за рака и не ја криеја својата љубов. Тие им позираа на фотографите со насмевки, а актерот во еден момент дури и им мавна.
Кијана и Александра првпат беа видени заедно во 2019 година на еден настан, кога новинарите ги фатија како се држат за рака. Недолго потоа тие признаа дека се заедно, и оттогаш се неразделни. Двојката ретко се гледа во јавноста. Фотографите последен пат ги фатиле во јули на трка со мотоцикли. Тие потоа се појавија на трката за Големата награда на MotoGP Liqui Moly Motorrad во Германија.
Кијану со години ја носи титулата „најљубезниот актер на Холивуд“. Тој донира голем дел од својата заработка во добротворни цели, им помага на луѓето кои имаат потреба и е исклучително љубезен и трпелив со своите многубројни обожаватели.
Која е Александра?
Александра е уметник и филантроп од Лос Анџелес која има одржано изложби низ целиот свет. Таа е родена во Охајо и е уметник откако дипломирала на колеџот Свартмор во 1994 година. Живеела во Мексико, Шпанија и Франција, а нејзините дела биле изложени во Музејот на уметноста на округот Лос Анџелес (LACMA), париската галерија Градиви и галеријата Харис Либерман во Њујорк.
Грант и Ривс ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но кога се појавуваат, со задоволство позираат на црвениот тепих. Двајцата се блиски по возраст и соработуваа на книгата „Ода на среќата“ од 2011 година, напишана од Ривс и илустрирана од Грант.
Со текот на годините нивното пријателство се претвори во романса, но не сакаат јавно да зборуваат за својата љубов. Еднаш Грант беше прашан како е да се биде во врска со некој толку познат како Кијану, дали е потешко да се оди на црвениот тепих со или без него.
“Добрата работа во заљубувањето како возрасен е тоа што градиш своја кариера пред да започне врската. Така ми беше. Се чувствувам многу самоуверено во мојата врска, се чувствувам самоуверено на црвениот тепих и во пар и сама“, изјави таа за списанието People. Вели дека се голема мотивација еден за друг.