Американскиот актер Џони Деп ќе ја игра главната улога во новиот акционен трилер „Day Drinker“, заедно со Пенелопе Круз, објави магазинот Hollywood Reporter.
Проектот го режираше Марк Веб, авторот на филмовите „The Amazing Spider-Man“ и „500 Days of Summer“. Последниот голем холивудски проект на Деп беше Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald, објавен во 2018 година.
Меѓународната продажба на новиот акционен филм „Day Drinker“ во продукција на американското филмско студио Lionsgate ќе започне на претстојниот Американски филмски маркет, кој започнува во Лас Вегас на 5 ноември.
„Day Drinker“ е најголемиот обид на Деп да се врати во Холивуд по разводот со актерката Амбер Херд и неговиот прв голем комерцијален проект од 2018 година, пренесува американскиот магазин.