„Нема да лажам, бев фрустриран од правецот во кој оди мојот лик“: Згодниот готвач од Емили во Париз размислува да ја напушти серијата

popara2 ноември, 20244min00
b9e80ea053c5219944b81b0e2c6855ad5698718e

Францускиот актер (36) претходно искрено зборуваше дека сака неговиот лик да забележи одреден раст во петтата сезона на романтичната комедија, иако не е сигурен дека тоа ќе се случи, разочарувајќи ги обожавателите на серијата кои се надеваа дека Габриел и Емили конечно ќе бидат заедно.

Во новото интервју, Лукас изјави дека ликот на готвачот му бил забавен во првата сезона на серијата, но како што одминувало времето, тој се „исклучил“ од ликот „поради насоката во која го туркале да оди“.

– Го направија некако да не е свесен за околината. Стана изгубен и несвесен за се што се случува околу него и со него сите манипулираат – изјави актерот за IndieWire.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucas Bravo (@lucasnbravo)

Неговиот договор заврши со четвртата сезона, па тој не е обврзан да ја повтори улогата на Габриел, иако серијата беше обновена за уште една сезона минатиот месец.

– Со сезони се обидувам да внесам нијанси, но немаме голема слобода на снимањето. Не можеме да смениме збор или емоција. Се прашувам дали сакам да бидам дел од петтата сезона. Навистина сакам да видам дали Габриел ќе се врати на своето забавно, дрско, разиграно, живо јас. Затоа што три сезони да се игра меланхоличен, тажен, депресивен и изгубен човек веќе не е забавно. Тоа е комедија, сите се забавуваат околу мене, сите скокаат наоколу, а јас само полека тонам. Нема да лажам, бев фрустриран од насоката во која се движи мојот лик. Но, ќе видиме каде ќе оди. Претставата не е завршена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag