НЕОДОЛИВА ЕСЕНСКА САЛАТА: Со сирење и јајца, нема покремаста и се прави за неколку минути

popara2 ноември, 20241min00
104722_shutterstock-2446578177_f

Потребно е:

8 големи јајца
180 гр ситно бело сирење
2 лажички сенф
3 супени лажици свеж копар, сецкан
1,5 супени лажици сецкан свеж власец
2 лажици ситно сечкан црвен кромид
1 лажичка сок од лимон
1 лажичка лук во прав
1/8 лажичка сол или по вкус
1/4 лажичка црн пипер или по вкус

Подготовка:

Ставете ги јајцата во тенџерето и прелијте ги со вода. Сварете ги да бидат тврдо варени. Оставете ги да се изладат, па исчистете ги и исечете ги. Изматете го сирењето во блендер додека не добиете кремаста смеса. Во сад измешајте сирење, сенф, копар, млад кромид, црвен кромид, сок од лимон, сол и бибер. Добро измешајте додека не се соединат состојките. Во смесата додадете ги јајцата. Послужете ја салатата со прилог по ваш избор. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag