Ве боцка новиот џемпер? Потребна ви е една намирница од кујната и ќе биде мек како памук

popara2 ноември, 20241min00
71183_zena-shutterstock-2203901405_f

Никој не може да го поднесе непријатното боцкање на џемперот. За среќа, постои решение за тоа. Можете да омекнете џемпер на многу лесен начин. Потребна ви е само една состојка од кујната.

Свртете го џемперот одвнатре и потопете го во леген со ладна вода во која сте полиле 5-6 лажици алкохолен оцет. Оставете да отстои 15 минути.

Исцедете го и нанесете регенератор за коса на него. Добро втријте го во секој сантиметар. Оставете го да отстои 30 минути, а потоа исплакнете го џемперот со ладна вода и внимателно исцедете го. Постелете го преку пешкир на рамна површина и оставете го да се исуши. Потоа ставете го во пластична кеса, врзете ја и ставете ја во замрзнувач преку ноќ.

И тоа е тоа. Следниот ден омилениот џемпер ќе ви биде нежен и мек. Ќе го носите со задоволство. На ист начин можете да омекнете и марами кои ве боцкаат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma