Мастурбирањето долго време беше табу тема, но од пред неколку години започна да се испитуваат нејзините предности наспроти самиот секс.
Се докажа дека постојат дури 6 основни причини зошто понекогаш мастурбирањето е подобро од сексот:
- Користење на играчки, без срам
Додека самите се задоволувате можете да користите какви помагала и да сакате, без некој друг да ве осудува или да се чуди заради тоа.
- Најлесен пат до задоволството
Кој знае подобро од вас самите што всушност сакате?
- Потполна контрола во уживањето
Освен тоа што ви одговара, знаете и колку долго ви претставува задоволство. Понекогаш задоволството за време на сексот е прекратко или предолго, па оваа алтернатива е идеална за оние кои сакаат сè да е совршено темпирано.
- Задоволство без грижи
Сексот со себе си носи и многу мисли. За почеток дали сте потполно безбедни, дали му е удобно, дали изгледате добро или не… Мастурбацијата ве ослободува од сите овие прашања.
- Мислите само на себе
Задоволството без чувство на грижа дека другиот останал незадоволен е едно од најдобрите кои ќе ги доживеете.
- Без жалење
Понекогаш се јавува чувство на жалење за она што сте го направиле со партнерот/партнерката. Со мастурбацијата тоа е невозможно.