Дерматолог објави брз тест со кој можете да проверите дали имате проблеми со срцето (ВИДЕО)

popara8 ноември, 20241min00
Screenshot_8

Раното откривање на знаци кои укажуваат на проблеми со срцето може да спаси живот. Некои од симптомите на проблеми со срцето се сосема очигледни, како што се болка во градниот кош или отежнато дишење. Меѓутоа, некои други знаци не можат толку едноставно да се забележат.

 

 

 

Експерт проговори за неочекуван знак на срцева болест што може да се појави на прстите. Дерматологот д-р Даниел Сугаи предупреди дека кај луѓето со оваа болест може да се развијат здебелени прсти на врвовите, каде што се наоѓаат ноктите. Тоа значи дека врвовите на прстите се зголемуваат, а ноктите се искривуваат надолу. Во овој случај, исчезнува аголот помеѓу прстот и лежиштето на ноктите (промена на аголот под кој ноктите излегуваат).

 

На својот профил на Тик-ток, докторот сподели едноставен тест кој открива дали имате прсти со здебелен врв. Како што појасни, кај луѓето кои имаат такви прсти постои можност да имаат срцеви или белодробни болести (рак на белите дробови).

@drspf

Skin, hair and nails definitely mirror our overall health #dermatology #drsugaiskincare #nailchange #lungcancer #diabetes #psoriasis #nailclubbing

♬ Love Is Gone (feat. Dylan Matthew) (Acoustic) – SLANDER, Dylan Matthew

За да го направите овој тест, мора да споите два нокта, по еден од секоја рака, пренесува британски „Експрес“. Кај здравите прсти, би требало да видите дупка во облик на дијамант на дното на ноктот, што е познато како Schamroth window test.

 

Ако немате таков јаз меѓу ноктите, зборуваме за здебелени прсти на врвот. Причината зошто таквите прсти се поврзани со срцеви заболувања е тоа што состојбата честопати е предизвикана од ниски нивоа на кислород во крвта, што може да се случи ако срцето не може правилно да пумпа крв низ телото.

 

Другите знаци на болести  на срцето за кои треба да се биде свесен вклучуваат болка во градниот кош, скратен здив (отежнато дишење), болка во целото тело, чувство слабо и мачнина.

 

Важно е да се напомене дека овој тест не е дефинитивен знак дека имате проблеми со срцето или со белите дробови, но можете да се јавите кај вашиот лекар за да ги исклучи сите сомнежи.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma