Без разлика дали се работи за микро чанта, винтиџ чанта или некоја класична, чантите се незаменлив моден додаток. Но, за љубителите на мода кои пораснаа во 2000-тите, најпрестижниот „додаток“ често беше минијатурно куче, внимателно сместено во дизајнерска торба – колку поретко и поскапо, толку подобро. Иконските ѕвезди од тој период, како Парис Хилтон, Линдзи Лохан и Бритни Спирс го популаризираа овој тренд, шетајќи со минијатурни кучиња како што се чивава, малтезер или јорки кои ѕиркаа од луксузните чанти Биркин и Луј Витон. За многумина таа сцена беше врвниот симбол на гламурот, екстравагантноста и претерување.
Денес свеста за правата и благосостојбата на животните е многу поголема, па враќањето на овој тренд се поздравува со претпазливост. Иако љубителите на модата сè уште ги привлекува идејата за луксуз, познатите личности денес промовираат одговорно поседување миленичиња.
Манекенката Ирина Шајк, на пример, беше видена во Њујорк со нејзината мешавина од чау-ретривер, Шарлот, во голема кожна чанта – но, судејќи според се, таа на своето милениче му ја дава сета грижа и внимание што му е потребно. Шарлот често позира со својот сопственик во различни модни изданија, но повеќе како партнерка во авантурите, а помалку како „моден додаток“, како што пишува Вог.
Ирина вчера попладне беше забележана во свилен тренч фустан со каубојски чизми додека се шета низ Њујорк, а Шарлот ѕирка од нејзината преголема чанта, навидум уживајќи во прошетката. Но, нејзиниот пример покажува важна разлика – миленичето повеќе не е статусен симбол, туку рамноправен член на семејството. Преку своето присуство во модните кампањи и на улиците на Њујорк, Шајк нагласува дека миленичињата заслужуваат одговорна грижа и третман.