Гордоста на Ирска: Во Даблин се бираше двојникот на Пол Мескал, победникот освои корисна награда

popara9 ноември, 20241min00
m_35678434_1280

Истиот ден кога во киното Lighthouse во Даблин се одржа премиерата на историскиот спектакл „Gladiator II“ во режија на Ридли Скот со Пол Мескал во главната улога, во ирската престолнина се одржа необично натпреварување. Избран е двојникот на ирскиот актер кој најмногу му личел, а наградата била чек од 20 евра, што е доволно за три литри пиво во пабот. Ликовите на ѕвездите на „Normal People“ и на филмовите „After Sun“ и „Carmen“ се собраа во 13 часот во четвртокот, на 7 ноември на Смитфилд Сквер, северен Даблин, за да го изберат најсличниот Мескал, на кој е горда цела Ирска. Додека Мескал ги воодушевуваше своите сонародници со откачениот избор на облека на ревијата на Гучи за пролет/лето 2025 година на машката модна недела во Милано (тој избра платнени шорцеви кои неодоливо потсетуваат на боксерки), неколку негови имитатори дојдоа во слични „шорцеви“ на разиграното натпреварување и предизвика слава смеа.

image

Натпреварот беше организиран спонтано: на Смитфилд Сквер беа ставени известувања за изборот на двоници, илустрирани со фотографија на Мескал во „боксерки“. Наградата за најсличен фан е намерно симболична затоа што најважно беше добрата зафрканција и изразот на поддршка за ирското национално богатство, како што го нарекуваат актерот во неговата татковина. Натпреварувачите се редеа пред публиката, а победникот беше решен со најгласниот аплауз. Кога најсличниот беше избран, со многу смеење, победникот изјави: „Мислам дека во сите нас има еден Пол Мескал“ и заработи громогласен аплауз.

@todayfm

Replying to @Marie-clare Fitzpatr The winner reading this like 👁️ 👄 👁️ Congrats Jack Wall O’Reilly for winning the first ever Paul Mescal lookalike competition 🏆 #paulmescal #normalpeople #gladiatormovie

♬ original sound – Today FM

Иако не беше најавено дека актерот ќе дојде да го избере својот двојник, ниту пак го очекуваа, сепак дел од обожавателите останаа разочарани. Работата е во тоа што на неодамна одржаниот натпревар за двојник на Timothée Chalamet во Њујорк, ѕвездата од сагата „Dune“ се појави со глава и брада и предизвика урнебес, пишува Дејли Меил, па организаторите на ирскиот избор се надеваа на чудо.

Доколку изборот на најдобриот двојник на Пол Мескал стане традиционален, не е исклучено еден ден да го поддржи со тоа што ќе дојде на необичен собир.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag