Слаткиот компир има бројни здравствени придобивки, а многу нутриционисти го сметаат за важна храна, особено во текот на зимата.
Покрај есенцијалните витамини и минерали, слаткиот компир е познат и по тоа што содржи многу малку калории, а како што пренесува Health Site, треба да се јаде во зима поради неколку причини.
Добар извор на влакна
Влакната се многу важни за варењето, не одржуваат сити и го спречуваат прејадувањето. Тие помагаат да се контролира желбата за храна.
Понизок гликемиски индекс
Ова го прави поздрава алтернатива на компирот, додека храната со висок гликемиски индекс може да го зголеми шеќерот во крвта.
Богат е со хранливи материи
Поради оваа причина, слаткиот компир спаѓа во таканаречената суперхрана, содржи влакна, минерали и витамини, а нема многу калории.