Со што се храни Меланија Трамп за да изгледа толку добро? Една работа никогаш не ја јаде, а откри и што грицка

popara9 ноември, 20241min00
FILES-US-VOTE-POLITICS-ABORTION-MELANIA

Првата дама Меланија Трамп се врати во Белата куќа, па интересот за неа повторно расте.

Покрај нејзиниот исклучителен вкус за мода, таа е позната и по нејзината заносна линија, па многумина ги интересира која е нејзината тајна кога е изгледот во прашање.

Таа неодамна објави мемоари, а таму откри каква храна никогаш не јаде кога патува. Можеби ќе ве изненади, но убавата Словенка никогаш не јаде сирова риба.

Познато е дека поранешната манекенка се придржува до одредена диета, но не сака диети. Таа еднаш откри за GQ дека сака смути или овесни снегулки за појадок. Нејзината дневна цел е да јаде седум парчиња овошје, но сака да се почасти и со чоколадо, пренесува Б92.

„Немам некоја посебна закуска која секогаш ја јадам. Ако ми се јаде, земам овошје или чоколадо. Мислам дека ова е она што му треба на телото. Добро е одвреме-навреме да ги задоволувате вашите желби, сè додека тие работи ги балансирате со здрава исхрана“, вели Меланија.

За ручек најчесто јаде разни салати, а за вечера месо и зеленчук.

Покрај редовните тренинзи, таа секојдневно оди на пилатес и се труди да пие што повеќе вода за да остане хидрирана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag