Таа го избрала омилениот моден дизајнер на Дијана.
Џенифер Лопез е позната по своите специфични креации и моден стил на кој е верна со децении. Таа моментално се наоѓа во Лондон, каде што ќе присуствува на премиерата на филмот „Незапирливо“.
Таа на овој настан се појавила во добро познато издание – наликувајќи на покојната принцеза Дијана. Сè затоа што го избрала омилениот моден дизајнер на Дијана.
Џеј Ло на премиерата од глава до пети дошла во костум на Диор: станува збор за бел капут со двојни копчање, црна ролка и капа во ист стил. Таа сè вклопила со црната чанта на Диор со метална тока, која го добила името по покојната принцеза од Велс, пишува „Independent“.
Изборот на чанта несомнено бил омаж на нејзиниот стил – тоа е истата боја и дизајн што Дијана често ги носела во Лондон. Во 1995 година беше претставена од Диор, кој беше препознатливо парче од додатоците на принцезата.
Очигледно овој стил и се допаѓа на познатата актерка и пејачка.