„Прво мора да се сакаш себеси“ и останати мудрости: 15 реченици кои слободните луѓе не сакаат да ги чујат

popara18 ноември, 20241min00
62949702-zena-i-pas

Од загрижени родители кои не можат да ги пречекаат своите внуци до пријатели кои мислат дека сте тажни затоа што не сте во врска, сите тие постојано го пикаат носот во љубовниот живот на самците и се обидуваат да откријат зошто се сингл. Секако, ова им оди на нерви на слободните бидејќи не им пречи нивниот соло статус и навистина не сакаат да ги слушаат овие реченици и „охрабрувања“.

По повод Меѓународниот ден на самците, кој се слави на 11 ноември, собравме листа на реченици кои сингл луѓето навистина не сакаат да ги слушаат. Проверете кои се.

1. Како тоа се уште си сингл?

2. Еден ден кога ќе си во врска, ќе посакаш повторно да си сингл.

3. Не разбирам зошто немаш никого, па ти си вистински „улов“.

4. Не грижи се, во морето има други риби.

5. Пребираш премногу и ти удрило во глава.

6. Прво треба да се сакаш себеси.

7. Можам да те спојам со некого, познавам одлична личност.

8. Љубовта ќе ти се случи кога најмалку очекуваш.

9. Барем имаш одлична работа.

10. Ќе се смееш на ова еден ден.

11. Не се откажувај, сигурно те чека вистинската љубов.

12. Што чекаш, не сакаш да имаш деца?

13. Не излегуваш доволно, тоа е проблемот.

14. Пробај да најдеш некој на Тиндер, така мојата пријателка го запозна нејзиниот сопруг.

15. Зарем не сакаш да имаш некој покрај себе? Каков живот е тоа?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma