Речиси и нема човек кој не би уживал во ова јадење, особено ако е кремасто, сочно и вкусно, според рецептот на најдобрите готвачи како Гордон Ремзи.
Имено, тој го откри својот совршен рецепт за кремаста тестенина карбонара која е готова за само 10 минути. Во продолжение погледнете како можете брзо и лесно да го подготвите овој познат специјалитет дома и да уживате во овој вкусен оброк!
Состојки:
парче месна чадена сланина
половина пакување шпагети
2 жолчки
2 поголеми печурки
2 чешниња лук
1 лута пиперка
малку замрзнат грашок
180 гр кисела павлака
пармезан
сол
бибер
масло
магдонос
Подготовка:
1. Шпагетите се ставаат во врела вода.
2. Во тава загрејте малку маслиново масло и додадете ја сланината исечкана на коцки.
3. Лукот ситно се сечка, па се додава сланината, сечканите печурки, ситно сечканата лута пиперка и малку грашок.
4. Во садот во кој сте ја одвоиле жолчката додадете рендан пармезан и павлака.
5. Се добро измешајте и додадете малку вода, па повторно измешајте.
6. Од водата во која се варат шпагетите се вадат околу 10 лажици и се ставаат во тавата со сланината и другите состојки.
7. Кога ќе се сварат шпагетите, процедете ги и додајте ги во тавата.
8. Сè убаво измешајте, додадете ја смесата со жолчки, па повторно измешајте.
9. Се посипува со сечкан магдонос, се меша убаво, па се сервира во чинија и одозгора се ренда многу пармезан.