Експерт за врски сподели видео на социјалната мрежа TikTok во кое ги објаснува знаците на кои треба да внимавате ако се сомневате дека вашиот партнер ве изневерува. Го објаснува своето тврдење со теоријата на триаголник, односно со личност која избегнува проблеми на едниот крај, вознемирена личност која се грижи за сите проблеми во врската на другиот и љубовник на третиот крај од триаголникот.
– Во врската постои одредена поврзаност, а кога таа врска ќе стане нестабилна или на неа ќе се додаде стрес, почнуваат анксиозни реакции. Човек кој избегнува всушност ја избегнува ранливоста, односно соочување со проблеми во врската и најчесто потоа додава трета личност во врската – изјави тиктокерот.
@kategraymmft Healing for anxious attachments is expressing needs + getting support (which is v different than triangulating!) & for avoidants it’s leaning into connection #cheating #attachment
Таа додава дека оваа трета личност не мора нужно да биде некој за изневерување, туку може да биде и во деловен однос, но од друга страна, кога анксиозните луѓе не ги задоволуваат нивните потреби, тие се повлекуваат во себе, што може да доведе до депресија или анксиозност.
– Значи, ако вашиот партнер не сака да се соочи со проблемите кои ги имате во вашата врска или брак и ако почне да ве избегнува, тоа е најдобриот знак за предупредување дека измамата се случила или може да се случи – заклучила таа.