Ако ја ставите храната на вистински начин во фрижидер, би можеле да заштедите на сметките за енергија на крајот на месецот. Исто така, местото каде што ја ставате храната може значително да влијае на нејзиното траење.
Горна полица
Вообичаено, горната полица на фрижидерот е помалку ладна од останатите, па затоа треба да се резервира за храна која не треба премногу да се лади и е подготвена за јадење.
Ова може да вклучува храна како сувомеснати производи, десерти и сосови. Можете исто така да складирате слатки задоволства на горната полица.
Средна полица
Средната полица на фрижидерот е поладна од горната, но не толку студена како долната полица, што ја прави идеално место за складирање на млечни производи.
Тука треба да се стават сирење, јогурт, путер, јајца и млеко.
Долна полица
Ова е најстудениот дел од фрижидерот и тоа го прави идеално место за складирање на храна како сурово месо, живина и риба.
Фиоки
Фиоките во фрижидерот се дизајнирани да ја зголемат влажноста и да го менуваат протокот на воздух.
Така се создаваат идеални услови за складирање на овошје и зеленчук, но овие два вида храна треба да се чуваат посебно.
Врата
Најтоплиот дел од фрижидерот е вратата. Ова е местото каде што треба да чувате конзервирана храна која има помала веројатност да се расипе, пишува The Sun.