Како што се приближуваме до крајот на календарската година, така астролошките влијанија се сè посилни, а енергијата го достигнува својот врв. Со зголемувањето на позитивните вибрации се отвора вратата за долгоочекуваните можности и среќа која станува се поприсутна, пишува „Сенса“.
Ова е идеално време за интроспекција, донесување важни одлуки и подготовка за она што следува. Ѕвездите се на наша страна, а вселената нежно води кон остварување на нашите желби и цели.
Енергијата се движи од интензивна Скорпија кон оптимистичкиот Стрелец. Овој период го означува завршувањето на длабоките внатрешни процеси и отворањето кон посветли перспективи.
Овен
Овните ќе имаат бран на инспирација и акција. Енергијата на Стрелецот ќе ви донесе дополнителна мотивација за остварување на вашите цели. Ова е идеален момент да се ослободите од ограничувањата и ентузијастички да се движите кон вашите соништа. Авантурата ве повикува – бидете храбри!
Лав
Лавовите ќе почувствуваат наплив на самодоверба и радост. Енергијата на Стрелецот совршено се совпаѓа со вашиот огнен дух и ќе ве поттикнува на нови потфати и креативни проекти. Љубовните врски и пријателствата цветаат, а вашата харизма е неодолива.
Стрелец
Време е да заблескате! Како што сонцето влегува во вашиот знак, енергијата ќе ве турка напред со голем оптимизам и страст. Ова е вашето време да донесете храбри одлуки и да истражите нови можности. Среќата ќе биде на ваша страна, особено во љубовта и личниот развој.