Кога надвор е студено, возачите сакаат да го загреат својот автомобил што е можно поскоро. Еден експерт објасни како тоа да се направи на најефикасен начин.
„Дали го загревате автомобилот на вистински начин? Дали знаете како да го загреете брзо?“ ги праша своите следбеници во видеото на TikTok, а потоа објасни како да го направите тоа за да не замрзнете во автомобилот.
„Се разбира, првото нешто што треба да направите е да ја зголемите топлината. Каков тип на клима уред и да имате, свртете го до крај и малку подигнете ги вентилаторите“, рекол експертот.
Потоа кажа што треба да направите следно:
„Тука го притискате ова копче“, рече тој додека го притискаше копчето за кружење на воздухот.
Тој објасни дека на овој начин ќе ги затворите отворите за вентилација надвор од автомобилот и ќе ја активирате рециркулацијата на воздухот внатре во автомобилот.
Тој исто така рече дека станува се потопло со секој премин на воздух што се загрева побрзо.
@capturing_cars Do you heat your car correctly? #car #cars #didyouknow #winter #driving #cartips #heating #airconditioner #howto #fyp
Во спротивно, ако е исклучена рециркулацијата на воздухот, ладен воздух влегува во автомобилот и брзото загревање станува невозможна мисија.
„Честа заблуда е дека климата е само за топло време. Климата го врти воздухот, без разлика на температурата“, објасни експертот.
Тој изјави дека треба да ја вклучите климата, да го притиснете копчето за кружење на воздухот, да ја зголемите температурата и да ги прилагодите вентилаторите и тоа е најдобриот начин да го загреете автомобилот.