Ева Лонгорија веќе три години со семејството живее во Европа
Ева Лонгорија со години работи како режисер, што ја однесе надвор од Америка. Таа сега открила дека таа, нејзиниот сопруг Хозе Бастон и нивниот шестгодишен син Сантијаго живеат меѓу Шпанија и Мексико.
Сепак, Лонгорија имала потреба да објасни дека нејзиниот живот надвор од Америка не е резултат на претседателските избори во САД
– Можете ли да им кажете на сите дека не ги напуштив САД поради Трамп?, рекла Лонгорија во подкастот.
– Во Европа сум речиси три години. Не заминав поради политичкиот амбиент, заминав затоа што работата ме однесе таму – изјавила искрено убавата актерка која се прослави со улогата на Габриел во серијата „Очајни домаќинки“.
Како што објаснила, не и се допаѓала насоката на забавната индустрија во Холивуд, па ја искористила можноста да работи надвор од Америка.
– Целиот мој возрасен живот го поминав во Калифорнија, но и пред пандемијата работите се менуваа. Енергијата беше поинаква. Потоа се случи ковид, и тоа турна сè преку работ. Без разлика дали се работи за бездомништво или даноци – не сакам да ја критикувам Калифорнија – но чувствувам дека ова поглавје од мојот живот сега е завршено“, рекла таа во интервју за Marie Claire.