Дали се сеќавате кога за првпат ги слушнавте љубовните зборови од вашиот партнер?
Кога зборовите се кажани по стоти пат, понекогаш ја губат својата сила и се претвораат само во механички фрази. Долгогодишните партнери знаат дека зборовите „Те сакам“ со текот на времето се изговараат по автоматизам и стануваат само рутински. А, кога зборовите немаат толкаво значење, на сцената стапуваат љубовните гестови. Всушност, делата секогаш зборуваат погласно од зборовите. Тие можат на молскавичен начин да ја докажат љубовта, да измамат насмевка на лицето на партнерот и да ја подобрат врската.
Сакате да ја покажете својата љубов кон партнерот на поразличен начин од рутинското изговарање на зборовите „Те сакам“? Следниве гестови ќе ви помогнат да го сторите тоа:
Подарете му топла прегратка кога не ја очекува
Прегрнете го кога тој најмалку очекува, па дури и кога не заслужува да биде прегрнат. Физичките гестови се многу поефективни од вербалните. Ставањето на вашите раце околу неговото тело кога тој не очекува, неизбежно говори за вашата љубов кон него.
Облечете го фустанот во кој обожава да ве гледа
Секогаш го добивате комплиментот „најубава на цел свет“ кога носите одреден фустан? Кога сакате да му кажете дека ви значи, доволно е само да го облечете. Глетката ќе му кажува повеќе отколку вашите зборови.
Направете мала жртва за него кога тој не го бара тоа од вас
Иако гледањето фудбал, игрите со карти и посетувањето на спортски натпревари не се дел од вашите омилени активности, следниот пат изненадете го и согласете се да ги вметнете во вашиот презафатен ден. Дали некогаш сте ја жртвувале сопствената среќа за да измамите насмевка на лицето на партнерот? Тоа е најчистиот и најискрениот начин да кажете „Те сакам“.
Не ги заборавајте малите нешта кои многу значат
Магијата е во деталите. Станете порано и разбудете го со мирисот на утринско кафе или дајте му подарок кој сами сте го изработиле. Малите гестови многу значат и се добар доказ за вашата љубов.
Згответе му го омиленото јадење кога е нерасположен
Дали вашиот сакан ви ја предава негативната енергија кога е нерасположен? Следниот пат не му дозволувајте. Наместо тоа, вие дајте му дел од вашата позитивност. Пригответе го јадењето кое го обожава и изненадете го. Така ќе се почувствува специјално.
Подарете му масажа по напорниот работен ден
Овој љубезен гест ја докажува вашата грижа за него. Масажата не само што ќе донесе позитивна промена во неговото расположение, туку е прекрасна и релаксирачка замена за љубовните зборови „Те сакам“.