Потребно е:
8 јаболка
4 јајца
100 гр шеќер
200 мл млеко
200 гр брашно
Подготовка:
Јаболката исечкајте ги на кришки, прелијте ги со сок од лимон и измешајте. Наредете ги јаболката во плех обложен со хартија за печење за да го покрие дното. Јајцата со шеќер изматете ги во сад додека не станат пени, па прелијте ги со млекото. Додадете просеано брашно и убаво измешајте со миксер. Подготвената смеса прелијте ја врз јаболката. Печете ја питата 40 минути во рерна загреана на 190 степени. Посипете со шеќер во прав. Пријатно!