Потребно е:
50 гр брашно
50 гр шеќер
60 мл млеко
1 лажица сок од портокал
3 јајца
шеќер во прав
Подготовка:
Одделете ги белките од жолчките. Истурете ги сокот од портокал и млекото во жолчките, па изматете убаво. Потоа додадете просеано брашно и сè добро измешајте. Посебно изматете ги белките со шеќерот додека не се стегнат, па смесата додадете ја во жолчките. Лесно измешајте и истурете во шприц за колач. Смесата исцедете ја во тава со загреано масло и додадете неколку капки вода. Покријте и пржете ги палачинките 7 минути. Свртете и додадете вода и пржете уште 5 минути.