КОЛКУ ПАТИ НЕДЕЛНО ЈА ПРАВОСМУКАТЕ КУЌАТА? Ќе се изненадите кога ќе видите што советуваат експертите

popara26 ноември, 20241min00
f94fb4cce0f240785803c06eb9b6fc7ebf7c149c

Според експертите, препорачаниот минимум за чистење со правосмукалка е еднаш неделно, особено за дрвени подови, со цел да се спречи таложење на нечистотија.

Чистотата на домот игра важна улога во квалитетот на животот, но често може да биде стресно да се одржува на посакуваното ниво, особено кога станува збор за физички напорното чистење со правосмукалка кое со задоволство го одложуваме.

Проблеми со алергија

Ако имате домашни миленици, веројатно сте навикнати да правосмукате секој ден. Меѓутоа, за оние кои немаат миленичиња, дали секојдневното чистење со правосмукалка е навистина неопходно?

Правосмукалката е особено важна за луѓето со алергии бидејќи помага да се отстранат мртвите клетки од кожата, бактериите, мувлата и грини од прашина од подот. Вдишувањето на овие честички може да предизвика иритација на грлото, носот, очите, па дури и посериозни респираторни проблеми.

Научникот од Dyson Метју Ли препорачува да се правосмукаат дрвените подови барем еднаш неделно за да се држи нечистотијата под контрола.

„Се обидувам да посветам повеќе внимание на областите каде членовите на моето семејство поминуваат најмногу време, како што се кујната и спалната соба, бидејќи подот брзо акумулира многу нечистотија, остатоци и залутани влакна“, вели тој.

Експертот советува да се подели домот на десет зони – ѕидови, душеци, лајсни, корпи за домашни миленици, светилки, ролетни, завеси, скали, тавани и софи – и да се фокусираме на чистење на две секој викенд.

„Оваа фреквенција на чистење помага да се одржува домот без да се преоптоварувате за се одеднаш“, додава тој.

За теписите, Метју предлага правосмукалка двапати неделно, дури и пред да изгледаат валкани. За простории кои се користат помалку, доволно е да се правосмука еднаш неделно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag