Потребно е:
6 јајца
120 гр шеќер
1 ванилин шеќер
80 гр брашно
1 прашок за пециво
150 гр мелено семе од афион
100 мл млеко
100 мл масло
3 големи рендани јаболка
8 лажици џем од кајсии
Прелив:
200 гр темно чоколадо
50 гр путер
2 лажици масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад изматете ги јајцата со шеќерот додека не станат пена. Се матат јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се запенат, па додадете го маслото, па млекото. Потоа брашно со прашок за пециво, па афион и за на крај оставете ги ренданите јаболка. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење. Се пече половина час, во рерна загреана на 180 степени. Користете чепкалка за заби за да проверите дали колачот е печен. Потоа намачкајте го топол со џем од кајсии. Чоколадото растопете го на пареа со путер и 2 лажици масло. Со глазурата прелијте ја тортата. Пријатно!