Тридневна или воена диета, како што самиот наслов вели, подразбира многу строг режим на исхрана и многу е важно да се придржувате на пропишаното, инаку ништо од посакуваните резултати.
Секој ден треба да јадете во исто време, без оглед на тоа што не сте гладен. По диетата барем четири дена треба да бидете на нормална исхрана, па доколку сакате можете повторно да ја повторите.
Прв ден
Доручек
Пола грејпфрут, кришка тост со две лажички путер од кикирики, кафе и чај.
Ручек
Пола шоља туна, кришка тост, кафе или чај.
Вечера
80 грама било што од месо или пилешко, шоља грашок, пола банана, малку јаболка и шоља сладолед од ванила
Втор ден
Доручек
Јајца, пола банана, кришка тост
Ручек
Шоља свежо сирење, тврдо варено јајце, и пет сланини крекери
Вечера
Две виршли, шоља брокули, пола шоља рендани шаргарепи, пола банана, и пола шоља сладолед од ванила.
Трет ден
Доручек
Кафе или чај со едно до две лажички засладувач, пет сланини крекери, 26 грама сирење, и една помала јаболка.
Ручек
Тврдо варено јајце и една кришка тост
Вечера
Шоља туна, пола банана и една шоља сладолед од ванила.
Вода можете да пиете колку сакате, а ако строго се придржувате на диетата можете да изгубите четири килограми. Сепак, уште еднаш нагасуваме, пред да се впуштите во вакво „мачење” консултирајте се со лекар.