Постојат неколку едноставни и природни методи со кои можете да ги неутрализирате непријатните мириси во вашиот дом користејќи состојки кои веројатно веќе ги имате.
Ефективни и безбедни методи
Овие методи се ефективни, безбедни и достапни, и ќе го остават вашиот дом свеж и удобен.
Еден од најдобрите совети е да користите сода бикарбона, која е одлична за отстранување на непријатниот мирис. Ставете ја секаде каде што чувствувате непријатни мириси во фрижидер, корпа за отпадоци, па дури и во машина за миење садови. Сода бикарбона е многу прифатлива и ќе избегнете да трошите пари на скапи спрејови и други средства за чистење.
Друг едноставен метод вклучува природни состојки како лимон, рузмарин, каранфилче и ванила. Земете еден лимон исечен на кришки, две гранчиња рузмарин, една лажичка каранфилче и малку ванила и сè сварете во зовриена вода.
Оваа смеса ќе го исполни вашиот дом со пријатни мириси, а откако ќе се излади можете да ја користите како спреј за соба. Ако додадете бел оцет, ќе добиете појак спреј кој можете да го користите и за чистење на површините во вашиот дом.
За да го неутрализирате мирисот во фрижидер, замрзнувач или едноставно во кујна, ставете сад со свежо мелено кафе. Овој метод исто така ефикасно ги отстранува непријатните мириси и остава пријатен мирис во просторијата.
Етеричните масла се уште еден одличен начин за подобрување на квалитетот на воздухот во вашиот дом. Не само што го подобруваат вашето чувство за мирис, туку можат да ви го подигнат расположението, да ве релаксираат или дури да ја подобрат концентрацијата, меморијата и функцијата на мозокот.
Миризливите свеќи се уште една популарна опција за внесување на пријатни мириси во домот. Сепак, се препорачува да се инвестира во квалитетни свеќи со етерично масло, бидејќи евтините и неквалитетни свеќи може да содржат штетни хемикалии кои можат да бидат опасни по здравјето.