Познатата пејачка Шер е подготвена да се повлече од музичката индустрија по повеќе од шест децении по објавувањето на новиот албум.
Легендарната Шер потврди дека следниот албум најверојатно ќе и биде последен. Зборувајќи пред публиката во театарот „Lyceum“ во Лондон оваа недела, таа рече дека е време да ја напушти кариерата.
Пејачката призна дека е подготвена да се смири, но дека сака прво да издаде албум. Нејзиниот последен албум беше објавен во 2013 година, што е прилично долга пауза. Таа признала дека новиот албум ја воодушевил, но дека веројатно и е последен албум.
Кариера која се протега повеќе од шест децении
Според The Sun, таа била возбудена поради нејзините нови „одлични“ песни. Но, потоа се пошегува на сметка на своите години, додавајќи: „Стара сум, најстара сум насекаде, освен кога сум во старечки дом“.
Таа исто така рече дека би сакала повторно да има 60 години.
Таа призна дека не и било секогаш лесно да се справи со стареењето и рече дека сепак претпочита да биде опкружена со млади луѓе.
„Ми се допаѓаат младите бидејќи многу мои пријатели не сакаат да се забавуваат толку многу“, рече таа.
Шер моментално е во врска со раперот Александар „АЕ“ Едвардс кој е 40 години помлад од неа. Парот имаше бројни јавни настапи во текот на изминатата година.
Како одговор на критиките за големиот јаз во години, Шер накратко искоментира: „Љубовта не знае математика“.