Принцот Луис има хоби кое е кошмар за сите родители

popara28 ноември, 20241min00
The Prince and Princess of Wales Visit The Air Tattoo

На шестгодишна возраст, принцот Џорџ почнал да учи да свири гитара, а сега на истата возраст, неговиот помлад брат Луис се занимава со музички инструмент. За жал на нивните родители принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изборот падна на – тапани.

Најмладиот син на принцот и принцезата од Велс неодамна го откри шармот на овој инструмент, кој е вистински кошмар за секој родител и останатите членови на домаќинството, особено кога стаповите се во рацете на шестгодишно дете.

Идниот британски крал зборуваше за се, а на доделувањето на наградите Туск во разговор со Рони Вуд од Ролинг Стоунс и гитаристот Марк Нопфлер откри: „Мојот најмлад син учи да свири на тапани. Затоа сега го поминувам животот со прстите во уши“, се пошегува принцот Вилијам, идниот британски крал.

А добро е познато дека малиот Луис сака музика, особено откако на настанот Earthshot минатата година, Вилијам им откри на членовите на групата One Republic дека неговиот син е голем обожавател на нивните песни.

Сака и рагби

Покрај љубовта кон тапаните, малиот принц се интересира и за спорт. Во април, принцот од Велс откри дека братот на принцот Џорџ и принцезата Шарлот сака да игра крикет, а Кејт Мидлтон зборуваше за неговата љубов кон рагбито. „Луис има камиказе стил кога игра рагби“, рече принцезата од Велс на приемот за членовите на Рагби Сојузот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag