Многу жени се соочуваат со несакани влакна на видливи делови од телото како што се грбот, лицето, рацете и стапалата. Лековите, бременоста, хормоналната нерамнотежа и нередовниот менструален циклус можат да бидат причините за тоа.
Иако постојат различни техники за отстранување на влакна како што се ласерско отстранување, депилација и електролиза, тие често се скапи.
Затоа се повеќе жени бараат природни и евтини алтернативи, а едно од решенијата е едноставна и природна смеса која ефикасно ги отстранува несаканите влакна. За да ја подготвите оваа смеса, потребно е само малку јод и бебешко масло.
Една лажица јод се меша со шолја бебешко масло, па смесата се втрива на саканиот дел од телото и се остава пет минути. После тоа, смесата се брише со влажна марамица или се мие со вода. Со редовна употреба растот на косата ќе биде запрен, а несаканите влакна постепено ќе исчезнуваат, пишува Super Woman.