Елтон Џон (77), легендарен музичар и еден од најомилените изведувачи на сите времиња, е познат не само по својот непобитен талент и хитови кои станаа дел од музичката историја, туку и по неговата отвореност.
Без двоумење, тој често споделуваше детали од својот живот, без разлика дали се работи за борбата со зависноста, љубовта кон семејството или предизвиците со кои се соочувал.
Уште во септември, Елтон се огласи на Инстаграм за да ги извести фановите за инфекцијата, откривајќи дека во тоа време имал „само ограничен вид на едното око“.
Во последното интервју Елтон уште еднаш ја покажа својата храброст откривајќи дека се справува со сериозен здравствен проблем кој му го нарушил видот.
За време на гостувањето во „Добро утро Америка“ на 25 ноември, тој откри дека го изгубил видот на десното око во текот на летото. Овој проблем е предизвикан од инфекција која ја добил за време на неговиот одмор на југот на Франција.
– Тоа целосно ме собори од нозе. Не можам да видам ништо – рекол музичарот, додавајќи дека оваа ситуација длабоко се одразила на неговиот секојдневен живот.
На прашањето за новиот албум, Елтон призна дека моментално е во креативен пад.
– Има надеж и охрабрување дека се ќе биде во ред, но во моментов сум заглавен… одам во студио и снимам, не знам – рече тој со забележлива доза на загриженост.
Тој исто така откри дека ниту неговото лево око не е во најдобра состојба, што му го отежнува читањето на текстот на песните и гледањето видеа, но нагласи дека презема чекори за подобрување на ситуацијата.