Џенифер беше во брак со актерот Скот Фоли од 2000 до 2004 година и со Бен Афлек од 2005 до 2018 година, а како што вели таа, сфатила една работа.
Говорејќи на подкастот Lipstick on the Rim, од неа беше побарано да сподели омилен цитат што ја води. Таа ги сподели своите размислувања за најголемата грешка што ја прават луѓето кога стапуваат во брак.
– Не се мажи за маж мислејќи дека можеш да го промениш – искрена била Џенифер.
Џенифер ѝ се заблагодари на мама Патриша Гарнер за советот, но не разговараше за нејзините претходни бракови за време на подкастот.
Таа претходно го препишала своето раскинување со Скот на Холивуд, сугерирајќи дека „најверојатно сè уште ќе беа заедно“ доколку „нивните животи не беа снимани“. Во интервју за Vaniti Fair во 2016 година, Џенифер го опишала својот поранешен сопруг Бен како „комплициран“.
View this post on Instagram
– Секогаш велам, кога те грее неговото сонце, ти го чувствуваш тоа. Но, кога сонцето сјае на друго место, тој може да фрли голема сенка.
Поранешниот пар неодамна беше виден како поминува време заедно на настан организиран за помош на бездомниците. Заедно подготвуваа храна и изгледаа среќни.