Кафето никогаш не го ставајте во зовриена вода: Многумина грешат, еве во што е тајната

popara3 декември, 20241min00
676

Поладните есенски денови, а особено вечерите, многумина од нас ги повлекоа од градината и кафулињата кон топлината на домот. Бидејќи веќе не е време кога надвор до доцна можете да уживате во омилените вкусови на кафе, повеќето луѓе се одлучуваат за меѓусебни посети и уживање во омиленото кафе дома.

Во оваа прилика британскиот Дејли Мејл контактираше голем број експерти кои дадоа одговори на прашањата како најдобро да се свари црното кафе за максимално да уживате во пијалокот.

Постапката горе-долу е слична за сите нас, а вистина е дека многумина, чекајќи магичната напивка да ги разбуди, ќе прифатат да ја сварат на најбрз можен начин. Мислењето на професионалците е дека не треба да се инвестира во скапи машини за правење кафе, туку би можеле да послужат и најобични садови, но затоа изборот на кафе е многу важен.

– Најчеста грешка што многумина ја прават е тоа што додаваат кафе штом водата зоврие. А вистината е дека топлата вода ќе го испржи талогот од кафето, па затоа е идеално да почекате половина минута пред да го додадете кафето. Поточно, идеално е кафето да се прелие со зовриена вода откако ќе се чека од 30 секунди до минута – ова е мислењето на експертите, пишува Дејли Мејл.

Исто така, водата од чешма се разликува од место до место и често е полна со бигор, па затоа е идеално да се користат филтри за нејзино прочистување. Пропорционална количина на кафе и вода е исто така клучна, а идеално е да се преливаат 70 гр кафе на литар вода.

Кафето не поднесува влага, воздух или други мириси, затоа треба да се чува во добро затворен сад и што подалеку од фрижидерот.