Доктор објасни како да знаете дали ѝ истекол рокот на замрзната храна

popara3 декември, 20241min00
1640762821-vegetables-g4a910ed74_1920-750x500

Д-р Каран Раџ, познат како @dr.karanr на TikTok, сподели колку долго може да трае замрзнатата храна и ја објасни важноста од означување на храната во замрзнувачот. Еве се што треба да знаете.

Квалитет и безбедност на храната

Постои клучен факт што треба да го знаете за замрзнувањето на вашата омилена храна што може да изненади многумина, пишува Mirror.

„На замрзнатата храна технички никогаш не ѝ истекува рокот на траење. Кога станува збор за замрзната храна, „најдобро пред“ и датумите на истекување се повеќе за квалитетот на храната, а не за безбедноста на храната“, објаснува Раџ.

„Значи, додека храната е замрзната, таа е безбедна. Но, тоа не значи дека замрзнатата храна останува вкусна засекогаш. Колку подолго нешто останува замрзнато, толку е поголема шансата храната да биде зафатена од нешто што се нарекува „изгореница“, додаде Раџ.

„Храната е покриена со ледени кристали, влагата се вшмукува и доаѓа до оксидација, па храната која е замрзната долго време може да го изгуби вкусот.

Тој, исто така, спомна како текстурата на храната може да „деградира“ што резултира со тврдо месо и „млитав“ зеленчук. Дополнително, Раџ истакна дека хранливата вредност може да се намали.

Д-р Раџ, исто така, даде совет за избегнување на изгореници, предлагајќи да се вакумира пред да се замрзне.

Тој, исто така, го истакна клучниот чекор на бележење на вашите замрзнати производи со датумот кога се замрзнати. Но, клучниот заклучок од советите на д-р Раџа се однесува на тоа како ракувате со храната – проверете дали е правилно одмрзната и зготвена пред да ја јадете.