Потребно е:
1 конзерва туна во сопствениот сок
2 преполни лажици паста тахини (таан)
половина главица сечкан црвен кромид
по вкус, лук во прав (или свеж)
сол и бибер по вкус
половина лимон (сок)
1 лажица масло
1 лажица сечкан магдонос
Подготовка:
Исечкајте ја туната со вилушка и додадете ги таанот, исечканиот кромид и лукот. Зачинете со сол и бибер и прелијте со лимонот. Додадете го маслото. Добро измешајте. Паштетата е готова. Пријатно!