Од омилениот холивудски пар, Бред Пит и Анџелина Џоли, кој лудо се сакаше, до двајца непознати, чие единствено место за средба е судницата. Поранешните сопружници моментално се борат за имотот и старателството над нивните шест деца, од кои наводно ниту едно нема контакт со својот татко.
На 18 декември познатиот актер ќе го прослави својот 61 роденден, а според извори најголема желба му е овој ден да го помине со своите деца.
„Бред ги сака своите деца и многу би му значело кога би можел да го помине својот прекрасен ден со нив“, открил извор за американските медиуми.
Ѕвездата на филмот „Фајт клуб“ најмногу би сакал роденденот да го помине во друштво на своите наследници и избраничката Инес де Рамон со која од неодамна живее.
Сепак, големи се шансите идејата да не се оствари, со оглед на тоа што речиси ниту едно од децата со години не разговараат со него.
„Засега изгледите не се големи. Некои деца сè уште разговараат со него, додека други не. Многу е незгодно,“ рекол изворот.
Анџелина и Бред имаат шест наследници, а според медиумите, посвоените синови Медокс и Пакс немаат контакт со својот татко, додека нивното најстаро биолошко дете, ќерката Шајло, целосно се откажа од презимето Пит. Се претпоставува дека посвоената ќерка Захара ги прекинала сите врски со презимето на славниот татко, додека близнаците Вивиен и Нокс се веројатно единствените кои повремено го гледаат Бред, иако со години не се фотографирани во негово друштво.
Според изворот, Пит ја моли Анџелина барем да ги пушти близнаците да дојдат и да му го разубават денот, ако другите деца не сакаат. Сепак, се чини дека децата остануваат солидарни со својата мајка, а ниту едно од нив нема да се појави на прагот на тато.
Наместо тоа, Бред би можел да организира роденденско патување за себе и за својата девојка Инес.