Ако некогаш сте се запрашале која е најдобрата температура за вечерно и утринско туширање, лекар ќе ви го реши сомнежот. Можеби претпоставувате дека ладниот туш би ја оладил телесната температура, а топлиот ќе ве загрее, но тоа воопшто не е така.
Како што пренесува Мирор, туширањето на одредена температура ќе ви помогне да имате добар сон. Имено, докторот Каран Раџ откри кога треба да се туширате со топла, а кога со ладна вода.
„Ако ќе спиете и сакате добар ноќен сон, топол туш пред спиење парадоксално ја намалува температурата на вашето тело, така што ќе спиете добро“, рече тој.
Раџ објасни дека „потребна ви е пониска телесна температура пред да заспиете бидејќи тоа го намалува „прагот“ на спиење.
Спротивниот ефект се јавува кога наутро се туширате со ладна вода, која ќе ве разбуди бидејќи студената вода ќе ви ја подигне телесната температура. Тој објасни дека покачената телесна температура е добра во текот на денот бидејќи нема да бидете поспани.
Тој додаде дека туширањето со топла вода навечер и поладна вода наутро „се вклопува“ во нашиот деноноќен ритам.
Според една студија објавена во Националната библиотека за медицина, топла бања или туш еден или два часа пред спиење може да ви помогне да се опуштите и побрзо да заспиете. Зошто? Ова ќе ви помогне да ја намалите основната температура, што е деноноќниот сигнал за спиење.
Исто така, се истакнува дека туширањето во вечерните часови ќе му даде можност на вашето тело да се олади, па дури и може да предизвика сон. Туширајте се така што ќе завршите околу час и половина пред да сакате да легнете. На овој начин вашето тело ќе биде ладно, суво и подготвено за сон.