Кејт Мидлтон им се обрати на обожавателите на неодамнешниот традиционален концерт „Together at Christmas Carol Service“ во Вестминстерската опатија.
На божиќниот концерт Кејт искрено проговори за тешкиот период зад неа.
„Минатата година во ова време не знаев колку тешка ќе биде годината што претстои. Толку многу беше непланирано… Сепак, верувам дека и многу други луѓе минуваа низ тешки периоди, вклучително и многумина кои се тука“, рече таа.
Таа блесна на настанот во Вестминстерската опатија во црвена комбинација со ефективен додаток.
Таа се појави во долго палто од Сара Бартон дизајнирано за „Александар Меквин“ (дизајнерот на нејзината венчаница) со голема црна панделка.
Изгледот го комплетираше со црвено карирано здолниште, обетки од барокни бисери Mulberry Amberley и позлатена нараквица од британскиот бренд Halcyon Days и црни чизми со високи потпетици „Ралф Лорен“.