Зошто добрите луѓе многумина ги сметаат за глупави? Како силата станува „маана“

popara9 декември, 20241min00
Screenshot_18

Немојте да се залажувате. Добрите луѓе не се глупави. Напротив! Тие најчесто имаат висок коефициент на интелигенција, кој им овозможува светот да го гледаат баш онаков каков што е и тоа им дава сила и поттик да се трудат постојано да го разубават и да им помогнат на луѓето. И тие сосема јасно гледаат кога некој се труди да ги исмее, предаде, изневери. Па, тие не се слепи.

 

 

 

 

Но, тие ја знаат нивната задача. Да помагаат без да бараат нешто за возврат, безусловно да сакаат, да даваат кога и самите немаат, да решаваат туѓи проблеми, да им се најдат на луѓето кои имаат мака. Дури и кога ќе ги повредат, никој не може да ја убие нивната добрина. Никогаш не можете да го убиете тој порив во нив.

 

Зошто? Затоа што сите го нудат само она што го носат во себеси. А овие добри луѓе во себе носат само љубов и разбирање, сочувство и убаво срце и душа. Човек кој има вакви вредности во себе, не останува ненаграден од животот, Универзумот, Бог.

 

Добрите луѓе никогаш нема да го добијат од луѓето она што го заслужиле, но животот нема да им остане должен. Баш во нивните најтешки моменти, животот ќе им прати други добри луѓе, да ги спасат кога тоа им е потребно, да ги разберат кога им е потребно разбирање и да ги извлечат од темнината во која се западнати.

 

Светот е полн со добри луѓе, само се скриени плашејќи се од оние другите, кои некако како да владеат со светот. Тие прекрасни луѓе се кријат, се плашат од нелуѓето и забораваат дека Бог ги сака оние со добро, искрено и чесно срце.

 

Бидете такви луѓе. Обидете се. И видете што ќе се случи.

 

Очекувајте дека ќе бидете предадени и изневерени, токму од оние на кои сте им помогнале, па и од други луѓе од кои никогаш не би го очекувале тоа. Но, истовремено очекувајте и чуда! Без оглед на тоа колку можат да ве повредат нелуѓето, Бог и животот ќе ве наградат тродупло повеќе.

 

Не дозволувајте да се криете од животот. Бидете храбри, затоа што среќата ги следи добрите и храбрите, а Бог…?

 

Бог најмногу ги сака таквите луѓе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag