Има неколку работи кои секогаш ги гледате на Анџелина Џоли – црн фустан, голема чанта и безвременски чевли. Без разлика дали се работи за балетанки или класичен пар штикли, таа обично се држи до класичен стил.
Сепак, пред нејзиното гостување во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ во четврток, 5 декември, актерката го прекрши својот вообичаен моден рецепт и се појави боса на телевизија.
Разговарајќи за очигледната ситуација, водителот Џими Фалон ја праша актерката: „Забележав дека си боса. Дали ги заборави чевлите?“
Џоли, која носеше едноставен мал црн фустан, минимален накит и боси стапала, всушност имала разумна причина да ги остави чевлите на страна.
„Не, вчера го скршив палецот, се обидов да најдам удобни чевли, а потоа решив само да не носам ништо“, објасни таа, покажувајќи ги босите стапала и темниот лак за нокти.
Во вториот дел од интервјуто, Џоли се отвори за своето семејство и зошто ниту едно од нејзините шест деца – Медокс, 23, Пакс, 20, Захара, 19, Шајло, 18 и Нокс и Вивиен, 16, најверојатно нема да оди по нејзиниот пат.
„Моите деца, мислам дека некои од нив сакаат да работат зад камерите, зад сцената, но тие навистина, навистина сакаат, особено Шајло, да останат приватни“, му рече ѕвездата на Џими Фалон. „Тие не сакаат да бидат фотографирани, не сакаат да бидат на екранот. Шајло сака приватност најмногу од сè“.
Таа продолжи: „Тоа не беше нивен избор. Некои луѓе се чувствуваат подобро во јавноста, некои се чувствуваат подобро на емисии, а некои не“.