Зошто луѓето кои порано украсуваат за новогодишните празници се посреќни? Психолог објасни што се крие зад елките и лампионите

popara10 декември, 20241min00
5bd7ac18521e6d26ed161ea577ef603268b21ab4

Доколку се обидувавте и не успевате да ги убедите вашите домашни дека е време за новогодишно украсување, имаме добри вести за вас.

Сите знаеме дека Новата година и Божиќ не се само празнични денови, бидејќи многу се важни и времето и возбудата што преовладува додека се подготвуваме за нив. Овој период е полн со божиќни филмови, украсување, семејни дружења и вистинска празнична еуфорија. Речиси сите сакаат овој период да трае вечно, бидејќи е еден од најсреќните и најубавите во годината.

Според психијатарот Стив МекКеон, луѓето кои рано почнуваат да се подготвуваат за Нова Година и Божиќ се всушност многу посреќни, што е очигледно добра работа. Стив нагласува дека носталгијата која се појавува во овој период се враќа во детството – период кога немавме обврски, работа, сметки, стрес…

„Иако постојат голем број причини зошто некој би се опседнал со раните подготовки, најчесто тоа е од носталгични причини или од фаќање чекор со минатото. Во свет полн со стрес и вознемиреност, луѓето сакаат да прават работи што ги прават среќни, и Новогодишните украси враќаат убави чувства од детството. Украсувањата се начин да се разбудат волшебните емоции и возбуда за време на празниците, исто така, не потсетуваат на најблиските кои можеби веќе не се со нас, или можеби украсите и подароците ве потсетуваат на моментите кога сè уште верувавте во Дедо Мраз“.

Но, тоа не е се. Студијата потврдува дека луѓето кои сакаат да си ја украсат куќата се пољубезни и посреќни. Ако во моментов ја чувствувате празничната еуфорија, што чекате? Пуштете го омилениот божиќен филм, подгответе го варено вино и почнете да размислувате за украсите и подароците. Не грижете се за оние кои ќе ве осудат, очигледно сте многу посреќни од нив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag