Мила Кунис беше гостинка на Academy Women’s Luncheon организиран од модната куќа Шанел, кој се одржа во Музејот на филмски слики на Академијата во Лос Анџелес. За оваа пригода, Мила се одлучи за модна едноставност, со примеси на ненаметлив гламур.
Мила Кунис се одлучи за црна комбинација, а ја спои со плетен топ со кратки ракави и кожени панталони со потписот на модната куќа Шанел.
Панталоните culotte се сите дијагонално зашиени, а актерката ги спои со лакирани чизми на високи потпетици. Кулот панталоните се препознаваат по широките ногавици кои допираат до глуждот или малку погоре, а најдобро се носат со потпетици бидејќи во спротивно можат визуелно да ја скратат фигурата.
Мила Кунис дополнително го подигна својот стајлинг за настанот Academy Women’s Luncheon со класичен модел на чанта Шанел и метален ѓердан Шанел во стил на синџир.