Најлошите работи што можете да ги кажете за време на сексот: Не дозволувајте јазикот да ви биде побрз од мозокот

popara12 декември, 20241min00
Screenshot_1

Зборовите имаат голема моќ. Може некому да му го разубават денот, може да повредат некого, да возбудат, но и да го одложат оргазмот.

 

 

 

По некој секси и безобразен коментар за време на сексот е сосема добредојден, ако и двајцата го сакате тоа, но на некои муабети не им е местото во кревет, особено не додека трае акцијата.

 

Ова се пет работи за кои не треба да зборувате за време на секс:

 

  1. Не предлагајте нешто за кое и самите не сте сигурни

Иако ви се допаѓа помислата за анален секс, немојте да предлагате да го направите тоа за првпат додека веќе имате секс. Има можност да не ви се допадне или да не сте целосно подготвени за тој чекор, што само ќе го расипе овој возбудлив и страстен момент. Пред да експериментирате, разговарајте со вашиот партнер за вашите желби и подгответе го вашето тело и ум за експериментите.

 

  1. Не зборувајте за домашните проблеми или за какви било обврски

Прашања како „Дали го нахрани кучето?“ не се дел од темите за разговор за време на секс. Кога водите љубов, избегнувајте да разговарате за децата или за домашните обврски и проблеми. Прифатете го сексот како релаксирачки чин во кој заборавате на сите товари и фрустрации.

 

  1. Не делете фалби ако навистина не ги мислите

Не лажирајте оргазми и не кажувајте му на партнерот дека е најдобриот љубовник ако навистина не го мислите тоа. Ако го убедите дека направил нешто добро, ќе го охрабрите да продолжи да го прави, иако вам не ви се допаѓа тоа. Немојте да си го попречувате сами патот до добар секс и квалитетен оргазам.

 

  1. Не го критикувајте изгледот на партнерот

Секогаш потсетувајте го вашиот партнер дека изгледа секси. Спалната соба е идеална за споделување комплименти! Но, секогаш задржете се на позитивните коментари. Запомнете дека истакнувањето на мааните секако нема да ве доведе до добар секс! Критиките кажете ги во друго време, на промислен начин, со најдобра намера.

 

  1. Не почнувајте расправија

Отворените и искрени разговори се клучен дел од среќната врска. Сепак, има време и место за сè, затоа оставете ги вжештените дискусии надвор од креветот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag