Беше главна ѕвезда на тепихот: Лили-Роуз Деп издоминира на премиерата на новиот хорор Носферату

popara13 декември, 20241min00
108764_profimedia-0946219017_f

Ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, Лили-Роуз, присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм „Nosferatu“, што се одржа во кинескиот театар TCL во Лос Анџелес, пренесува People.

Таа ги воодушеви сите присутни со сребрен фустан кој имаше детали со светки. Нејзиниот аутфит беше уште повпечатлив кога и се придружи остатокот од филмската екипа – освен неа, сите беа облечени во црно.

Филм инспириран од романот Дракула

Хоророт „Носферату“, во режија на Роберт Егерс, е римејк на истоимениот германски експресионистички филм од 1922 година, инспириран од романот Дракула на Брам Стокер.

Покрај режијата на филмот, Егерс го напиша и сценариото. Во новата верзија на Nosferatu се појавуваат Лили Роуз Деп, која ја играше Елен Хатер, Николас Хулт, кој го играше нејзиниот сопруг Томас Хатер и Бил Скарсгард како вампирот гроф Орлок, кој почнува да ја опседнува Елен.

Позитивни реакции од критичарите

„Носферату е готска приказна за опсесијата помеѓу опседната млада жена и застрашувачкиот вампир кој е вљубен во неа, што доведува до неискажлив хорор“, се вели во официјалниот синопсис на филмот. Реакциите на филмските критичари за филмот се повеќе од ветувачки, а првпат им беше прикажан во Лос Анџелес и Њујорк на 7 ноември оваа година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag