5 намирници кои се богати со пробиотици: не е само јогуртот

popara21 декември, 20241min00
Screenshot_9

Пробиотиците му помагаат на организмот да ги апсорбира минералите и витамините кои се клучни за нормална работа на организмот.

 

 

 

 

Микроорганизмите, односно „добрите бактерии“ кои се нарекуваат пробиотици, не само што се заслужни за нормална работа на цревата, туку и за здравјето на целиот организам.

 

Во исхраната внесете ги овие пет природни антибиотици и доведете го здравјето на завидно ниво, без да се плашите од многуте вируси и настинки кои се карактеристични за студените денови.

 

Кефир

Овој напиток кој е сличен на јогурт содржи широк спектар на пробиотски бактерии, како и 11 грама протеини во една шолја. Се добива со додавање зрна кефир во млекото, што предизвикува ферментација.

 

Комбуха

Комбухата, по потекло од Кина, претставува освежителен напиток настанат со ферментација на засладен црн чај. Може да се најде во подобро снабдените продавници за здрава храна.

 

Кисела зелка

Благодарение на пробиотските својства кои ги добива со процесот на ферментација, киселата зелка се вбројува во намирниците кои го јакнат имуниетот и го штитат здравјето. Најдобра опција е киселење на зелката во домашни услови, затоа што купената често ги губи својствата.

 

Јогурт

При купување јогурт обрнете внимание да ги купувате оние на кои е назначено дека содржат активни, односно живи јогуртни ултури, затоа што токму тие содржат пробиотски својства.

 

Пиво од ѓумбир

Газиран, природно ферментиран пробриотик кој се појавил во Англија уште во деветнаесетиот век. Иако официјално не се вбројува во алкохолните пијалаци затоа што содржи помалку од 0,5 % алкохол, сепак поведете сметка и ограничете ја количината на една или две чаши.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag