Домашни наполитанки – состојки:
4 листови обланди
250 гр путер
200 гр шеќер
250 гр мелени ореви
250 гр мелени интегрални бисквити
100 гр чоколадо за готвење
12 лажици вода
Подготовка:
Во тенџере ставете ги путерот, шеќерот и водата и мешајте на тивок оган додека не се соединат сите состојки. Потоа во смесата додајте ги оревите, бисквитите и чоколадото, повторно измешајте сè додека не добиете мазен крем.
Оставете го кратко да се излади, поделете го кремот на три еднакви дела и премачкајте го на горната страна од обландата, продолжете додека не ги потрошите кремот и обландите. На крајот, обландите завиткајте ги во мрсна хартија и врз нив ставете лист фолија за да им помогнете што повеќе да се компресираат.
Оставете да се излади, а по желба, откако ќе се стегне колачот, последната обланда можете да ја премачкате со чоколадна глазура.