Италијански слаткар нуди божиќен колач со Сваровски кристали (ФОТО)

popara23 декември, 20241min00
Panettone,E,Pandoro,,A,Typical,Sweet,Italian,Colrate,With,Christmas

Пиемонтскиот слаткар Дарио Хартвиг ​​создаде панетоне со кристали Сваровски за божиќните празници, објавија италијанските медиуми.

Торта обложена со златна фолија и украсена со кристали чини 900 евра по килограм. Кристалите го красат и пакувањето на оваа традиционална божиќна торта во Италија.

Во понуда има и панетоне обложено со сребрена фолија – за 300 евра.

Ова не е првпат Хартвиг ​​да воодушевува со своите ексклузивни креации. Тој еднаш направил панетоне со вистински дијаманти во вредност од 300.000 евра за руски клиент.

Неколку години подоцна, еден индиски клиент нарачал божиќна торта украсена со дијамантска нараквица и дијадема за 700.000 евра. Ваквите креации се направени само по нарачка, а дијамантите ги набавува купувачот, рече Хартвиг.

Панетоне (колач од кисело тесто со бадеми, суво грозје и зашеќерено овошје) и пандоро (ѕвездена торта со путер со шеќер во прав) се јадат во многу семејства од почетокот на декември до новогодишната ноќ – или за појадок со чаша капучино или како десерт после вечера со чаша пенливо вино.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag