„Проколнат“ салон на БМВ – вистинска мистерија за светот!

popara16 август, 20111min00
bmw

Еден напуштен салон во застапништво на БМВ од 1988 година, кој се наоѓа во Онтарио, Канада, се нема променето од дотичната година, па до ден-денес. Во салонот сè е недопрено од времето кога било оставено некаде во осумдесетите.

Возилата, просторот и осветлувањето, сè е од тоа време, а цели 23 години ништо не се променило, освен што просторот редовно се чисти и одржува.

Во салонот се наоѓаат два модели на БМВ, кои стојат недопрени и светнати уште од 1988 година. Се работи за моделите 635 цси бела боја и еден модел од серијата 5 Е24.

Сопственикот морал во 1988 година да го затвори салонот од причина што ја изгубил лиценцата и отворил друг салон во Торонто. Сепак, првиот салон никогаш не бил продаден. Случајните минувачи и и соседите велат дека во сервисот често доаѓа некој човек во црно БМВ, но не знаат со сигурност дали е тоа сопственикот на салонот.

Откако приказната за “проколнатиот” салон на БМВ се нашла меѓу новинарите и го обиколила светот, набрзо се дознава дека позади сето ова стои човек во раните шеесетти години, кој вози светло син 733i.

Еден човек вели дека него гласините не го интересираат и на прашањата на љубопитните одговорил со следнава реченица – морате да бидете луди како него за да уживате во поседувањето на вакво место.

Новинарите кои се занимаваат со автомобили сметаат дека самата зграда во овој момент е поинтересна како историски споменик на БМВ, отколку како продажно место.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag