Секој ден јадете по малку од оваа намирница и засекогаш заборавете на висок шеќер во крвта

popara23 декември, 20241min00
676

Јадете по малку од оваа храна секој ден и засекогаш заборавете на високиот шеќер во крвта!

Неодамнешното истражување покажа дека редовното консумирање темно чоколадо може значително да го намали ризикот од дијабетес тип 2. Луѓето кои консумирале повеќе од пет порции темно чоколадо неделно имале 21% помал ризик од развој на болеста во споредба со оние кои ретко или никогаш не јаделе.

„Резултатите пријатно не изненадија“, изјави д-р Чи Сан, професор на Харвард и еден од водечките истражувачи, изјави за HuffPost.

Сепак, треба да се забележи дека не сите видови чоколадо се подеднакво корисни. Млечната чоколада, на пример, е поврзана со зголемување на телесната тежина, што е еден од главните фактори на ризик за дијабетес тип 2.

Колку темно чоколадо е доволно?

Експертите препорачуваат консумирање од 28 до 56 грама темно чоколадо дневно. Сепак, истражувањето има свои ограничувања – учесниците беа главно луѓе над 50 години, што може да влијае на општите заклучоци.

Иако темното чоколадо може да биде корисно, тоа не е единствениот начин да се намали ризикот од дијабетес. Здравата исхрана, редовната физичка активност, одржувањето на оптимална телесна тежина и избегнувањето на пушењето се клучни фактори за спречување на оваа болест.

Генетиката исто така игра важна улога, но со соодветна здравствена заштита и следење на стручни совети, можно е значително да се намали ризикот или да се контролира дијабетес тип 2 со соодветен третман и промени во животниот стил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag