Многумина од нас имаат навика да ставаат заштитно стакло на масите, без разлика дали се работи за трпезариска маса или масичка за кафе во дневната соба.
Ова е навика која потекнува од стара Југославија, каде домаќинките верувале дека стаклото ќе ја заштити површината на масата. И, да, има логика во тоа, бидејќи некои од тие маси траеја деценија-две.
Сепак, Кинезите не се согласуваат со овој наш „обичај“. Пред сè, тие веруваат дека работите во куќата треба често да се менуваат, особено старите работи да се заменат со нови.
Тие веруваат дека стаклото на масата го брка приходот бидејќи стаклото е елемент на водата и затоа течат приходите и финансиите.
Така, покрај тоа што стаклото се смета за старомодно, сега знаете дека тоа негативно влијае и на вашите финансии.