Грижата за вашето когнитивно здравје не мора да биде комплицирана, а најновото истражување сугерира дека едноставната вечерна навика може значително да го намали ризикот од деменција. Студијата од декември оваа година покажа дека учесниците со тежок периодонтитис, познат како болест на непцата, имале значително поголем ризик од развој на благо когнитивно оштетување.
„Се чини дека тешкиот периодонтитис е фактор на ризик за благо когнитивно оштетување“, велат авторите на студијата.
Врската помеѓу здравјето на непцата и мозокот е потврдена во студија на 321 учесник, во која 65,9 отсто од луѓето со тежок периодонтитис развиле благо когнитивно оштетување, во споредба со 34,3 отсто од оние со здрави непца.
Така, според истражувањата, една едноставна вечерна навика може да го намали ризикот од развој на деменција – а тоа е користење на конец.
Оралното здравје често го придружува когнитивниот пад
Стоматологот д-р Картик Антани објаснува дека периодонтитисот, особено кога се комбинира со болести како што е остеопорозата, може да доведе до деградација на коските и да го наруши целокупното здравје. Од друга страна, студија од 2023 година укажа на пародонталните токсини кои можат да ги оштетат протеините неопходни за невролошкото функционирање, пренесува Индекс.
Добрата вест е дека спречувањето на заболување на непцата не е комплицирано. Д-р Антани ја нагласува важноста од правилно четкање на забите, користење паста за заби со флуор и редовно користење на конец. „Повеќето шуплини се јавуваат помеѓу забите, па затоа е многу важно чистењето на тие простори“, забележува тој, советувајќи да се користи средство за плакнење уста. Тој додава дека стоматолошките прегледи се клучни за рано откривање на проблемите.
Покрај тоа, експертите предупредуваат дека лошото орално здравје често го придружува когнитивниот пад.
„Лошото орално здравје лесно се спречува со минимална инвестиција на време и пари. Тоа е едноставен чекор што секој може да го направи за да ги заштити и забите и мозокот“, заклучи научникот од Универзитетот Јеил, д-р Сиприен Ривиер.